Скандал во Хрватска – Штимац претепан од сопствениот син кој бил „мртов пијан“

Синот на поранешниот хрватски фудбалер и моментално селектор на Индија, Игор Штимац, Лука физички го нападнал својот татко во семејниот дом, пренесуваат медиумите во Хрватска.

Малку по 19 часот дошло до расправија меѓу таткото и синот Тој прво викал по својот татко пред зградата, а кога ситуацијата ескалирала го нападнал физички и почнал да го удира. Сестрата се вмешала да ја смири ситуацијата, а младиот Лука ја нападнал и неа. Во цела ситуација Лука кој бил во алкохолизирана состајба кога пробал да ја прескокне оградата од дворот се здобил со повреди.

Откако бил пренесен во болница било утврдено дека младото момче се здобило со фактура на потколеницата и скочниот зглоб. За среќа Игор и неговата ќерка поминале без посериозни повреди.

Се вчитува...