Скандал во Италија: Судијата кој досуди пенал за Интер во финалето против Јувентус патува со торба на клубот

Интер и Јувентус ни приредија одличен финален дуел во Суперкупот на Италија по кој „нероаѕурите“ стигнаа до шестиот трофеј во натпреварвуањето со триумф од 2-1. Сепак по натпреварот главна тема не се добрите потези и тактиката, туку судијата Даниеле Довери.

Имено, на социјалните медиуми се појавија снимки од главниот судија на финалето како пристигнува на аеродромот со торба на Интер. Тоа дополнително ги разгоре старстите кај навивачите на „старата дама“ кои не беа задоволни од судењето, поготово при пеналот кој беше реализиран во првото полувреме.

Се вчитува...