Скандал во Јувентус – Игуаин пред отказ бидејќи не сака да се врати во Италија поради тешката болест на мајка му

Раководството на италијанскиот шампион Јувентус им наложи на осумте странци да се вратат во Торино како би можеле да почнат со тренинзи за евентуалното продолжение на сезоната. Сепак, како што пренесуваат италијанските медиуми Гонзало Игуаин не се согласил на тоа бидејќи неговата мајка е тешко болна. Тој сака да биде покрај неа и го уверува раководството на клубот дека може да продолжи со индивидуални тренинзи во својот дом.

Од клубот од Торино тоа го отрфрлија велејќи дека сите фудбалери мора да се вратат во Италија, а доколку тоа не го направат ќе се соочат со отказ. Доколку дојде до раскин на договорот Игуаин ќе мора да се прости и од 7,5 милиони евра кои му се загарантирани за сезонава.

Се вчитува...