Поранешниот хрватски репрезентативец и своевремено селектор на репрезентацијата, Игор Штимац даде изјава во која вели дека не смее навреда на фудбалските терените да биде само скандирањето „Убиј го Србинот“.
„Не слушнав дека се скандира во Сплит „Убиј го Србинот“. Слушнав „Штимац, Турчине, пуши ни не знам што“. Не видов некој да биде казнет. Кога не навредуваат ние кои не сме симпатични, тогаш никој тоа не го потенцира и не се јавуваат здруженија да кажуваат дека тоа е дискриминација, дека има навредливи пораки или некој треба да биде казнет. Одма се крева врева само кога има повици на нетрпеливост кон српското малцинство. Зошто е тоа така? Зошто тие се различни? Не треба да има навреди кон никого. Што е спортското борилиште? Полигон за навреди? Кој сака да навредува нека остане дома“, изјави Штимац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА