Ски-скокови: Гајгер победник во Клигентал

Германскиот ски-скокач Карл Гајгер, победи вечерва на скокалницата одржава во Клигентал, во рамките на Светскиот куп.

Гајгер на крајот собра вкупно 197,9 поени, до кои стигна со скоковите од 141 и 141,5 метри. Вториот беше Грегор Дешбанден од Швајцарија, додека третото место го освои Андреас Велингер од Германија.

Меѓу првите пет се пласираа и Ловро Кос од Словенија, и неговиот сонародник Анже Ланишек.

Во генералниот пласман водечки е австриецот Штефан Крафт со 509 бодови, втор Велингер со 380, трет Гајгер 353.

Се вчитува...