Поранешниот НБА кошаркар Скоти Пипен и неговата поранешна сопруга Ларса Пипен се обвинети за следење и малтретирање.
Американските медиуми пренесуваат дека поранешниот играч на Чикаго Булс бил тужен од Сивет Валентин, која тврди дека е поранешна девојка на легендарниот кошаркар од клубот Илиноис.
Сивет тврди дека Скоти, неговиот брат Карл Т. Пипен и Ларса Пипен биле причина за нејзините неволји. Таа наведува дека со Пипен имала врска од 1987 до 1993 година, која завршила затоа што ја силувал заедно со неговиот брат.
Наводниот сексуален напад доведе до раѓање на нејзиниот син Девонте Пипен, кој беше убиен во 2011 година. Во тужбата, Сиве, исто така, тврди дека Скоти „ја искористил својата слава како член на Чикаго Булс“ за наводно „да ја демне, вознемирува и мачи“, предизвикувајќи таа да страда од „тешки ментални и емоционални проблеми“. Таа бара неверојатни 250 милиони долари од Скоти и членовите на неговото семејство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА