Скромниот Елиф: Поважни ми се бодовите отколку мојот гол

Елиф Елмас го постигна својот прв гол во дресот на Фенербахче во турскиот шампионат, донесе три бода и го намали притисокот што постоеше врз Филип Коку по серијата слаби резултати. Македонскиот фудбалски бисер се најде во фокусот на вниманието по овој натпревар, но Елмас скромен како и секогаш, го стави тимот пред својот индивидуален ефект.

„Ова беше тежок натпревар, а ние успеавме да стигнеме до три бода. екако дека ми е мило што дадов гол, но поважни ми се бодовите и тимската победа отколку мојот погодок. Најважно од се за насс беше да стигнеме до трите бода и го остваривме тоа и успеавме. Не е лесно да се воиграме, немаме многу време меѓу натпреварите, а донесовме бројни засилувања, но напорно работиме. Желба ни е да продолжиме во ист стил, да славиме и на следните две средби со Динамо Загреб и со Бешикташ“ – истакна Елмас за „Беин Спортс“ веднаш по победничкиот гол.

Се вчитува...