Скромниот Ориги: Што е важно кој дава голови, игравме за повредените…

Дивок Ориги немаше постигнато ниту еден погодок во ЛШ во кариерата, вечерва доби шанса и постигна два гола во фантастичната победа од 4-0 над Барселона. По мечот, 24-годишниот белгиски напаѓач остана скромен како и секогаш, ставајќи се во служба на колективот иако поголемиот дел од сезоната го мина на клупата за резерви.

„Што е важно кој дава голови, најважен е тимот. Се боревме, верувавме во себе и тоа ни се исплатеше. Имавме претчувство дека вечерва ќе биде специјална ноќ на „Енфилд“. Игравме за повредените, сакавме да победиме за нив и ни се исполни желбата. Тешко е да се опише со зборови како се чувствувам во моментов“ – изјави Ориги.

Се вчитува...