Слатка одмазда: Брајтон со гол во 99. минута го победи Манчестер јунајтед

Брајтон во супердраматичен натпревар го совлада Манчестер Јунајтед со 1-0, одмаздувајќи му се на англискиот гигант за неодамнешниот пораз во полуфиналето од ФА Купот на Англија. И овој меч беше на добар пат да заврши со 0-0 како и тој натпревар на „Вембли“, но Брајтон стигна до триумф дури во 99. минута, кога Мекалистер од пенаал го најде патот до мрежата на Де Хеа.

Слично како и на тој натпревар, во првото полувреме играше фудбал со високо темпо, беа создадени по неколку одлични шанси на двете страни, но мрежите на Стил и на Де Хеа мируваа. Митома пропушти одлична можност за домаќините во првото полувреме, додека на спротивната страна Стил маестрално го запре обидот на Маркус Рашфорд.

Фернандеш имаше одличен шут што Стил го одбрани во второто полувреме, а работа имаше и Де Хеа, кој во судиското продолжение со одличен рефлекс реагираше, спречувајќи водство на Брајтон по ударот од далечина на Еступинан. Во 95. минута се случи вистинска драма, најпрвин Де Хеа спаси сигурен гол, но судијата по реакцијата на ВАР досуди пенал за Брајтон поради играње со рака на Лук Шо во сопствениот шеснаесетник. Протестите траеја неколку минути, за Мекалистер во 99. конечно да ја земе топката и прецизно да бие, за огромна радост на домашнтие фудбалери и навивачи.

Се вчитува...