СЛАВЈЕ НА РЕАЛ НА „ЕЛ КЛАСИКО“: „Кралеви“ царуваат во Барселона (ВИДЕО)

Реал Мадрид е победник од овосезонското прво Ел Класико откако денеска ја совлада Барселона на „Ноу Камп“ со 1:2.

Натпревар со многу тензија и многу шанси на двете страни, на крајот поуспешен Реал Мадрид кој што слави победа, и практично отпишувајќи го тимот на Барселона од битка за врвот на табелата.

„Кралевите“ поведоа преку Алаба во 32. минута. Имаа шанси и едните и другите, а Лукас Васкез во 93. минута донесе и 0:2 за Реал. Во последната 97-ма минута Агуеро постигна гол, и ја врати надежта, но веќе беше готово, па така Барса немаше прилика да избегне пораз.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...