Следат нови тектонски поместувања: Бејл се враќа во Англија, Мбапе доаѓа во Реал Мадрид?

Бразилецот Нејмар го направи најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, откако синоќа и официјално потпиша петгодишен договор со ПСЖ, заминувајќи од Барселона. Францускиот клуб плати отштета од 222 милиони евра, со што Нејмар стана најскап фудбалер во светот. Но, тоа нема да биде и единствениот голем трансфер ова лето, Според најавите, претстојат нови тектонски поместувања.

Реал Мадрид посакува да го доведе Килијан Мбапе, новата фудбалска сензација, младиот голгетер на Монако, кој минатата сезона блесна во полн сјај. Монако за него бара 200 милиони евра и „кралевите“ се чини дека се подготвени да ги платат. Но, претходно ќе треба да се разреши ситуацијата со Велшанецот Герет Бејл. Тренерот Зинедин Зидан сака да направи место за Мбапе, а тоа значи дека Бејл најверојатно ќе се врати во Премиер – лигата.

Поранешниот играч на Тотенхем е цел на интерес на англискиот првак Челси, како и на Манчестер јунајтед. Ова лето сигурно ќе понуди уште неколку големи трансфери…

Се вчитува...