Слога Виница реагира на судењето: Дали ќе имаме фудбал, или да ги изораме игралиштата и да работиме агрокултура

Екипата на Слога Виница реагира на делењето на правдата на дуелот со Каменица Саса, одигран во Македонска Каменица. Домашниот тим триумфираше со гол од пенал во судиското надополнување.

Арбитражата на Марјан Младеновски го навлече гневот кај виничани, кои се јавија со жестока реакција.

„Ново коло и пак местење, тактизирање, напади на тренери,играчи и сл а пред се лакрдии од страна на судиите во 2МФЛ и тоа најмногу против одредени клубови кои се третирани како небитни на фудбалската мапа па од тука и прашањето на кого им сметаа тие клубови? Но да почнеме од почеток и судијата Марјан Младеновски од Скопје кој највероватно е личност со одредени задачи, истиот тој уште во првото коло го оштети нашиот клуб со доделени 5 жолти и 1 црвен картон и тоа при резултат 3:0,а се со цел да ја ослабне нашата екипа во понатамошниот тек од првенството. Но, тоа и да го проголтаме не можеме да се помиреме со КРИМИНАЛОТ кој се случи во 19 коло во М.Каменица а во главна улога повторно истиот тој Марјан Младеновски судија кој го уништи нашиот клуб. Секој оној кој беше вчера на градскиот стадион во М.Каменица беше сведок на криминалните игри на фамозниот главниот судија кој секој наш контакт со противничките играчи го свиреше исто така доделените жолти картони на наши играчи за минимални дуели, а при секој приговор од нашиот капитен да му враќа, и да нема респект кон капитенот. А додека од друга страна не ги санкционираше испадите на домашните играчи и капитен кој во неколку наврати бурно реагираше а дури во еден случај удри и бокс на наш играч, или за тие моменти беше слеп или се правеше дека не ги видел. Ќе наведеме само одредени моменти кои ќе го одведеа натпреварот во друг правец еден од нив и најголем е моментот од 54 мин и недосудениот чист пенал за нашата екипа кој што ќе го видете во прилог, потоа во 84 мин при наша контра и тоа од 3 на 4 истиот подигна непостоечки офсајд и тоа при наша шанса за гол за 0:1. Секој наш напад или шанса за гол беше под фаул или пак ќе ја преќинеше акцијата и сл, а да не ги занемариме и постојаните преќини на аут,корнер,гол аут и сл.  Се на се огромен КРИМИНАЛ, а за возврат сигурно е подигнат одреден финансиски подарок познавајќи го неговото минато како судија. Е сега нека се запрашат СУДИСКАТА КОМИСИЈА а и челниците на ФФМ дали ќе имаме фудбал во нашата земја или да ги изораме сите игралиштата и да се префрлиме на агрокултура. Г-дин судија Марјан Младеновски ти срам за фудбалот, и си непожелен во Виница.“, стои во соопштението на Слога Виница.

Во судиската анализа направена од ФФМ, пак, стои дека судијата Младеновски ниту еднаш не погрешил на споменатиот меч.

Се вчитува...