Словачка извиси за баражот, познати носителите пред ждрепката

По комплетирањето на последните три групи веќе се познати деветте селекции кои како победници обезбедија пласман на СП 2018 во Русија, како и осумте второпласирани репрезентации кои преку бараж ќе се борат за преостанатите четири мундијалски визи.

Словачка има за што да жали бидејќи оваа селекција го освои второто место во својата група, но како најслаба од деветте второпласирани не успеа да се најде во баражот.

Воедно, позната е и поделбата на двете групи во пресрет на ждребот за баражот што ќе се одржи следниот вторник. Италија, Хрватска, Данска и Швајцарија се носителите кои нема да можат да се сретнат меѓу себе, туку за ривал ќе добијат една од следните четири селекции – Грција, Шведска, Северна ирска и Република Ирска.

Бараж натпреварите за влез на СП ќе се играат на 9 и на 14 ноември.

Се вчитува...