Словаците без Кјурик, но со Бродзијански и Павелка во Скопје

Македонската кошаркарска репрезентација од 12. до 18. август во Скопје ќе игра претквалификации за пласман во Светското првенство 2023 година, а еден од противниците на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Словачка која во Скопје ќе допатува без играчот на Барселона, Кајл Кјурик, но со ѕвездите на Хувентуд и Валенсија, Владимир Бродзијански и Томаш Павелка.

Покрај овие два кошаркари во поширокиот список на Словаците се најдоа: Давид Абрхам, Адам Антони, Мартин Бачан, Марсел Батовски, Марек Долежај, Микаел Фусек, Матуш Хронскрач, Муш Хронскрач, Матеј Мајерчак, Матуш Маловец, Тимотеј Маловец, Јакуб Мереш, Јакуб Мокран, Давид Новак, Јурај Паленик, Јакуб Петраш, Роберт Рожанек, Роман Сквашик, Шимон Турза и Марош Зелизњак.

Покрај Словачка противник на Македонија во претквалификациите ќе биде и Швајцарија. Како потсетување, најдобрите две репрезентации од групата ќе преминат во следната фаза од натпреварувањето.

Се вчитува...