Словенија ја совлада Црна Гора и се „чекираше“ на ЕП 2024

Ракометарите на Словенија обезбедија настап на Европското првенство кое на почетокот на следната година ќе се игра во Германија, откако и вторпат во рок од три дена славеа над Црна Гора овојпат на домашен терен со 37-30.

Црногорците одиграа егал прво полувреме во кое на пауза успеаја да заминат со само минус два (18-16). Сепак, разликата во квалитет Словенците ја покажаа во вториот дел во кој тотално го уништија противникот и на крајот стигнаа до триумф од 37-30. Убедливо најдобар поединец кај победникот беше Блаж Јанц со десет гола, додека кај поразените Бранко Вујовиќ постигна осум гола.

Резултати квалификации ЕП: Португалија – МАКЕДОНИЈА 32-27, Летонија – Италија 23-29, Литванија – Грузија 35-27, Турција – Луксембург 31-20, Унгарија – Швајцарија 36-27, Словачка – Финска 32-25, Норвешка – Србија 35-25, Босна и Херцеговина – Косово 26-24, Исланд – Чешка 28-19 и Израел – Естонија 29-27.

Се вчитува...