Словенија остана без клучен играч на 10 дена пред стартот на ЕП

Словенија ќе биде значително ослабена на претстојното Европско Првенство откако на вториот тренинг во новата 2018 година сериозна повреда заработи Матеј Габер.

Станува збор за играч кој е еден од клучните во одбраната на словенечкиот состав, а кој од позицијата пивот знае да биде многу опасен и во фазата на нападот. Тој не го завршил денешниот тренинг, а лекарските прегледи покажале скршеница на коска во стопалото, што значи и подолга пауза од терените.

Ова е огромен проблем за селекторот Вујовиќ, кој се уште не знае дали ќе може да смета на Доленец и на Хенигман, двајцата бекови кои работат изолирано под специјална програма со надеж дека би можеле да се рехабилитираат до стартот на Европското Првенство. Само за потсетување, Словенија е нашиот прв ривал на овој шампионат, меч што ќе се игра на 13 јануари во „Арена“ во Загреб.

Се вчитува...