Словенечката скијачка Илка Штухец е победничка на женскиот спуст на Светското првенство што се одржува во швајцарскиот центар Сент Мориц. Таа на тронот ја наследува својата сонародничка Тина Мазе, кој пред две години беше најдобра во Бивер Крик, а оваа сезона стави крај на кариерата.
Сребрениот медал и припадна на Австријката Штефани Вение, која задоцни 40 стотинки, додека на подиумот се искачи и американската скијачка Линдзи Вон, која неодамна се врати на патеките по повредата на рамото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА