Словенците сигурни на првата „контрола“ пред ЕП

Репрезентацијата на Словенија која ќе и биде прв противник на Македонија на претстојното ЕП во Хрватска, го победи Иран со 31-19 (17-9) во првиот контролен натпревар пред шампионатот.

Веселин Вујовиќ се соочува со серија проблеми со повредите и на оваа прва контрола го немаше на располагање комплетниот состав. Поради повреда на стапалото од соатавот неодамна отпадна пикерот Матеј Габер, а на негово место дополнително беше повикан пикерот на Целје, Матич Сухолежник.

Иако се со словенечката репрезентација на подготовките за ЕП, се уште е неизвесен и настапот на повредените Јуре Доленец и Ник Хенигман.

До крајот на подготовките пред ЕП, Словенија ќе одигра уште два контролни натпревари со селекцијата на Србија на 9 и на 10 јануари.

Дуелот меѓу Македонија и Словенија е на 13 јануари, во првото коло од групата Ц во Загреб во која се уште и селекциите на Германија и на Црна Гора.

фото: siol.net

Се вчитува...