Собрание на Балканската Одбојкарска Асоцијација – Турција го презеде претседателството од Македонија

Балканската Одбојкарска Асоцијација денеска во Скопје го одржа своето 23. Собрание, на кое присуствуваа сите 11 земји – членки на оваа организација.

Притоа, беа одредени домаќините на балканските шампионати во повеќе младински категории, на кои Македонија го пријави своето учество.

Претседателот на ОФМ, Петар Јовановски, по две години како претседател на Балканската Одбојкарска Асоцијација се повлече од функцијата. По системот на ротација, претседателството во следните две години ќе биде предводено од челниците на Одбојкарската Федерација на Турција.

Се вчитува...