Лионел Меси во весела атмосфера го прослави својот 39. роденден во кампот на аргентинската репрезентација за време на Светското првенство, откако соиграчите му приредија незаборавно полноќно изненадување.
Фудбалерите на „гаучосите“ среде ноќ ненадејно упаднаа во хотелската соба на својот капитен и со роденденска песна го разбудија од сон. Осумкратниот освојувач на „Златната топка“ беше видно изненаден, но со широка насмевка ги пречека своите колеги кои покрај роденденската торта, му донесоа и неколку прилично необични подароци. Наместо луксузни предмети, Меси од соиграчите доби балонче со течност, спортско капче и голема тегла, што дополнително ги насмеа сите присутни.
Видеото од ова симпатично роденденско изненадување за кратко време стана вирален хит на социјалните мрежи. Фудбалските фанови ширум светот реагираа со одушевување, коментирајќи дека ваквите моменти го покажуваат силното заедништво и одличната тимска хемија во таборот на светскиот шампион пред следните големи предизвици.
When Lionel Messi’s Argentina teammates surprised him for his birthday while he was sleeping 😂
Today, Messi turns 39 and is still balling on the biggest stage 🙌🐐 pic.twitter.com/w7mYS4hSmc
— ESPN FC (@ESPNFC) June 24, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
