Солскјер: Ако нешто е добро, тоа е дека сезоната заврши

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер има разочарувачка порака за навивачите на тимот од „Олд Трафорд“. Тој вели дека на клубот ќе му „треба многу време за да биде конкурентен за премиерлигашката титула“. Јунајтед заврши на шестото место на конечната табела во Англија, а во последното коло претрпе пораз од Кариф.

„Ако нешто е добро, тоа е дека сезоната заврши. Последните неколку месеци беа екстремно тешки и за тимот и за клубот и за играчите. Ќе се собереме повторно на 1.јули и ќе почнеме да работиме. Освојување на титулата за нас е долгорочен план, сега цел ќе ни биде да се вратиме меѓу најдобрите четири“ – вели Солскјер.

Манчестер Јуанјтед имаше очаен крај на сезоната. Во последните пет кола не успеа да забележи победа, а на крајот има дури 32 бода помалку од старо-новиот шампион, Манчестер Сити.

Последната титула на Јунајтед е од сезоната 2012/13, последната под раководство на Алекс Фергусон. Клубот во минатата сеозна заврши на второто место зад градскиот ривал Сити. Во меѓувреме беше отпуштен Жозе Мурињо и заменет со Солскјер под чие водство Јунајтед имаше краток добар период, а потоа повторно влезе во резултатска летаргија.

Се вчитува...