Солскјер: Добивме уште една лекција од поразот во Гдањск

Фудбалскиот тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека тимот мора да учи од поразот во финалето од Лигата на Европа против Вилјареал, како со еден потег може да се реши финален натпревар.

„Црвените ѓаволи“ со овој пораз останаа четврта година без освоен трофеј.

“Во соблекувалната владееше тишина. Сите бевме разочарани. Ваквите финалиња можат да се решат со еден потег, а тоа нам ни се случи. Треба да учиме од овој меч, да не останеме во оваа состојба, туку да се осигураме дека ќе победиме следниот пат”, изјави Солскјер.

Натпреварот во Гдањск заврши 1-1 во регуларниот дел од сезоната. Фудбалерите на Јунајтед беа поразени од Вилјареал во финалето од Лига Европа, по изведувањето на пенал рулетот (10:11).

“Не игравме како што знам дека можеме. Мислам дека започнавме добро, но тие први постигнаа гол и предноста веќе беше на нивна страна. Секако дека бевме разочарани. Фудбалерите на Вилјареал беа одлични, тие добро го затворија просторот. Одбраната им беше на врвно ниво, па тоа не спречи да создадеме повеќе шанси за гол. Сега не е време да кажам што би направил поинаку, но кога ќе завршите без трофеј, тогаш знаете дека нешто не е во ред”, заклучи Солскјер.

Оле, кој е на клупата на Јунајтед од декември 2018 година, досега нема освоено ниту еден трофеј со тимот.

Се вчитува...