Солскјер: Добро е што се ‘пробавме’ со Барселона, да видиме уште колку имаме да работиме

Манчестер Јунајтед доживеа убедлив пораз на „Камп Ноу“ и елиминација во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а менаџерот Оле Гунар Солскјер признава дека Барселона покажа повеќе и заслужено обезбеди пласман меѓу четирите најдобри екипи во елитното европско клупско натпреварување. за неговиот тим вели дека треба уште многу да работи за да биде конкурентен.

„Добро е што стигнавме до оваа фаза, можевме да ја видиме разликата меѓу двата тима. Квалитетот на Барселона во завршницата на акциите е неверојатен. Ние имавме добар старт, можевме и да поведеме во првите 15 минути, но потоа тие за четири минути дадоа два гола. Желбата кај фудбалерите беше на вистинското ниво, имавме тимски дух, но се ‘пробавме’ со Барселона и сега знаеме дека не чека уште многу работа. Напредокот во секој тим оди чекор по чекор, ќе се вратиме следната сезона, се надевам уште многу подобри“, изјави Оле Гунар Солскјер по елиминацијата во Лигата на шампионите.

Манчестер Јунајтед ја продолжува битката во Премиер – лигата за да обезбеди место во ЛШ и следната сезона.

Се вчитува...