Солскјер е сигурен дека Погба ќе остане во Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер вели дека „нема дилеми дека Погба ќе остане во клубот“. Ова изјава доаѓа по натпреварот против Милан на кој Французинот не отпатува.

„Воопшто и не очекував да дојде. Зборував со него и не се чувствуваше добро. Не се работи за повреда туку за болка и не сакав да ризикувам“ – изјави Солскјер.

Менаџерот потврди дека трансферот на Хари Мегваер ќе биде потврден наскоро, додека пак немаше коментар за Ромелу Лукаку кој ги пропушти сите натпревари на Јунајтед во претсезонскиот период и кој се очекува да замине во Интер.

Се вчитува...