Солскјер ја затвори вратата за Погба

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер вели дека првата ѕвезда на тимот Пол Погба, останува на „Олд трафорд“ и покрај шпекулациите дека тој ќе замине од клубот.

„Не сум воопшто загрижен околу ситуацијата со Погба. Верувам дека тој ќе остане на „Олд трафорд“, изјави Солскјер.

Медиумите во Британија пренесуваа дека Французинот ќе го напушти Манчестер јунајтед, а дека најголем кандидат за неговиот потпис е Реал Мадрид. Покрај, Реал Мадрид во игра за потписот на Погба беа и Јувентус и Пари Сен Жермен, но по се изгледа тој нема да ги напушти „црвените-ѓаволи“.

 

 

Се вчитува...