Солскјер: Не е пад во формата, требаше да победиме

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер по ремито на гостувањето кај Саутемптон од 1-1 изјави дека натпреварот бил онаков каков што посакувале, но неговите фудбалери не биле на висина на задачата при реализација на шансите.

„Натпреварот беше таков каков што посакувавме. Требаше да победиме, но бевме недоволно сконцентрирани во завршницата на нападите. Притискавме, напаѓавме добро, можевме да дадеме втор или трет гол без проблем, но грешевме во финишот на нападите“, изјави Солскјер. 

Јунајтед по репрезентативната пауза на 14. септември игра против Лестер. По првите четири кола „црвените ѓаволи“ имаат освоено само пет бода.

Се вчитува...