Солскјер одлучил: Од Јунајтед си заминуваат Погба, Рашфорд, Санчез, Лукаку…

Манчестер Јунајтед влезе во резултатска криза во најнезгоден момент, во финишот од сезоната кога се решава околу пласманот во Лигата на шамионите. Поразите го сторија своето, „црвените ѓаволи“ повторно не решаваат сами за својата судбина, а менаџерот Оле Гунар Солскјер одлучи да направи голема „чистка“ по завршувањето на сезоната. Ќе си заминат и големи ѕвезди, некои од нив и платени прескапо, а воопшто не го оправдаа доаѓањето на „Олд Трафорд“.

„Ги сакам јас сите фудбалери подеднакво, но мора да се донесат конкретни одлуки, моја работа е да менаџирам со тимот. Неколку фудбалери ќе заминат, но ќе ослободиме буџет и за нови засилувања“, изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед.

Медиумите на Островот откриваат дека од „Олд Трафорд“ ќе си заминат седуммина фудбалери. Пол Погба и Маркус Рашфорд затоа што клубот може да добие одлична отштета за нив, Алексис Санчез бидејќи е најплатен фудбалер во клубот, а тоа не го оправда со игрите на теренот. Ќе заминат и Хуан Мата, Антонио Валенсија, Ромелу Лукаку и Ерик Баи.

Се вчитува...