Солскјер: Победите во подготвителниот период не мора ништо да значат

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакна дека е задоволен од тоа што го видел од својот тим на подготвителни натпревари пресрет новата сезона, но дека добрите игри не мора да значат ништо.

„Многу сум задоволен со учинокот досега. Убаво е да се види дека момците се во добра форма. Сепак, сето тоа во подготвителниот период не е толку важно. Мораме уште да напредуваме како би имале шанса да се бориме за трофеи. Моите играчи покажаа дека се способни за тоа“, изјави Солскјер. 

Манчестер Јунајтед сезоната во Премиер-лигата ја отвора со дуелот против Челси, кој на програмата е на 11. август.

Се вчитува...