Солскјер: Се надевам дека ова финале ќе биде почеток на убава приказна за Манчестер

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер се надева дека финалето во Лига Европа е само најава за тоа што следува како успешна и убава приказна за неговиот тим во иднина. „Црвените ѓаволи“ вечерва ќе се борат против Вилјареал за титулата во второто најсилно европско натпреварување.

Солскјер кажа дека овој натпревар ќе биде од голема значајност за неговиот млад тим, па затоа верува и дека неговите фудбалери ќе бидат силно мотивирани за да покажат одлична игра, а на крај резултатот да биде освојување на големиот трофеј со кој ќе се заокружи одличната сезона.

„Пред нас е важна вечер. Овој натпревар може да биде отскочна даска за нешто подобро во иднина. Ова е млад тим, се надевам дека ова е почеток на убава приказна за нас и за некое поголемо достигнување во следната сезона. Кога играчите потпишаа за Јунајтед, тоа го сторија со намера да освојат трофеи. Тие го прифатија предизвикот да играат за најдобриот клуб во светот. Мора да бидеме мотивирани и фокусирани за она што не чека“, рече Оле.

Легендарниот екс-тренер на Манчестер, Сер Алекс Фергусон исто така отпатува со тимот на Јунајтед во Гдањск.

„Фергусон е тука со нас, играчите можат да разговараат со него. Тој е секогаш достапен затоа што. Се надевам дека ќе ужива во играта, бидејќи најголемиот дел од успехот што го постигнав во кариерата му го должам нему“, изјави Солскјер.

Се вчитува...