Солскјер: Скаутираме, не може во Манчестер Јунајтед да игра било кој

Навивачите на Манчестер Јунајтед сакаат што побрзо да ја заборават изминатата сезона. „Црвените ѓаволи“ не беа на потребното ниво, а летово се очекуваат големи промени во играчкиот кадар на „Олд трафорд“. На клупата на Јунајтед ќе остане Оле Гунар Солскјер кој отворено говореше за можните засилувања во тимот.

„Ги скаутираме фудбалерите низ светот, се обидуваме да ги пронајдеме вистинските фудбалери. Мора да имаш став за да играш во Манчестер Јунајтед. Мора да имаш квалитет, а навивачите сакаат да гледаат возбудлив фудбал. Да стануваат од седиштата, да ги видат дефанзивците како го бранат голот, како да го бранат својот живот“, изјави Солскјер. 

Оле Гунар Солскјер иако стартуваше одлично на клупата на „црвените-ѓаволи“, сепак како сезоната се приближуваше до крајот, формата на неговиот тим паѓаше.

Се вчитува...