Сон му обезбеди мир на Мурињо по дуелот со Барнли

Тотенхем ја забележа третата победа во Премиер – лигата совладувајќи го Барнли со 0-1. Стрелец на победничкиот гол за тимот од Лондон беше Хјонг-Мин Сон во 76.минута од мечот. Со тоа му обезбеди малку повеќе мир на менаџерот Жозе Мурињо.

Тотенхем се наоѓа на петтата позиција на табелата со 11 бода, два помалку од Евертон и од Ливерпул. Барнли е при дното со само еден освоен бод.

Се вчитува...