Сон на секој играч: Италијанец може да бира помеѓу Манчестер Сити и Јувентус

Меѓу ѕвездите кои ќе бидат запазени во летниот трансфер рок ќе биде и Мануел Локатели, играчот за врска на Сасуоло кој со своите настапи во последните две сезони во зема фокусот на најголемите клубови во Европа.

Под водството на тренерот Де Зебрија, „зелено-белите“ играат атрактивен фудбал, а Локатели е еден од клучните играчи на екипата. Како што пренесуваат италијанските медиуми, скаутите на Манчестер Сити и Јувентус веќе ги следат натпреварите, а 23-годишникот ќе има „слатки маки“ ова лето.

„Трансфермаркт“ го проценува Италијанецот на 35 милиони евра, а одличната проценка на Сасуоло ќе биде комплетирана со добра заработка со оглед на тоа што 2019 година, Локатели пристигна во овој клуб од редовите на Милан за 12 милиони евра.

 

Се вчитува...