Сон: Постигнавме луди голови затоа што верувавме во пресврт

Тотенхем на неверојатен начин се врати од „мртвите“ во Амстердам и направи голем пресврт совладувајќи го Ајакс со 2-3 за пласман во финалето на Лигата на шампионите. Хјонг – Мин Сон вели дека тој и неговите соиграчи не престанале да веруваат ниту кога имаа три гола негатива, заедно со првиот меч во Лондон. Токму затоа и успеале да направат пресврт.

„Знам дека сега е лесно да се каже, но навистина некако верувавме дека не е се загубено. Игравме до крај, верувавме и постигнавме луди голови. Последниот ка Лукаш беше навистина фантастичен“, изјави јужнокорејскиот интернационалец Хјонг – Мин Сон.

Се вчитува...