Сонг брутално искрен: Не ми беше гајле што не играв во Барса, важни ми беа парите

Алекс Сонг брутално искрено откри дека парите му биле главен мотив за трансфер во Барселона. Камерунецот беше еден од најдобрите фудбалери на Арсенал, но не размислувал премногу кога во летото 2012 година добил понуда од Барселона.

Сонг бил свесен дека оди во клуб каде што покрај Чави, Иниеста, Фабрегас и Бускетс ќе има далеку помала минутажа отколку во Арсенал, но тоа не му претставувало никаков проблем, имајќи ја предвид богатата понуда од „каталонците“.

„Кога пристигна договорот од Барселона и видов колку ќе заработувам не размислував воопшто, веднаш знаев дека сакам да потпишам. Размислував само на моето семејство и времето по кариерата. Спортскиот директор на Барселона ми кажа дека нема да играм многу, но не ме интересираше. Важни ми беа парите, станав милионер и обезбедив комфорен живот за сите во моето семејство“, изјави Сонг.

Се вчитува...