Сопругата на Ибрахимовиќ откри како се запознале – Прво нешто што видов беше неговиот голем нос

Сопругата на Златан Ибрахимовиќ, Хелена откри детали од денот кога го запознала Златан Ибрахимовиќ. Таа е 11 години постара од него и за разлика од другите сопруги на фудбалери не е многу активна во медиумите и на социјалните мрежи.

„Кога го запознав Златан тој имаше 21 година, а јас 32. Имав кариера и богатство и не ми беше потребен фудбалер да ме издржува. Бев самостојна, а тој не ни беше мој тип на маж. Првпат кога го видов го имаше затворено мојот „Мерцедес“ со неговото „Ферари“. Прво нешто што приметив на него беше неговиот голем нос и златниот часовник на раката“, изјави Хелена. 

Хелена е успешна бизнисменка и многумина ја сметаат дека е најмногу заслужна за одличните инвестиции на Златан.

Се вчитува...