Сопругата се сожали на Вукојевиќ… Отфрлено обвинението за семејно насилство

Државното обвинителство на Хрватска одлучи дека поранешниот хрватски репрезентативец Огњен Вукојевиќ може повторно да се врати во својот дом и на својата сопруга Андреја, отфрлајќи ја казнената пријава за закана и семејно насилство.

Актуелниот селектор на младата репрезентација на Хрватска, како што е познато, беше пријавен за семејно насилство на 7. мај, под сомнеж дека „во алкохолизирана состојба почнал насилнички да се однесува со отворени закани кон неа и членовите на нејзиното потесно семејство“.

„Откако оштетената во страв за својот живот се обидела да повика полиција, Вукојевиќ насилно од раката се обидел да и го тргне мобилниот, притоа оттурнувајќи ја. Таквото однесување предизвикало страв кај сопругата“ – соопштија тогаш од обвинителството.

Вукојевиќ веднаш по откривањето на инцидентот во јавност се огласи со писмена изјава.

„Може да потврдам дека поради одредени несогласувања со сопругата имав разговор во државното обвинителство. Пуштен сум, со обврска додека не завршат несогласувањата, да не живееме под ист кров. Верувам дека оваа ситуација наскоро ќе се реши во кругот на нашето семејство, а до тогаш ве молам за разбирање“ – напиша Вукојевиќ.

Пред две недели доби забрана за доближување до жртвата и неприближување до нејзиниот дом. Но, со отфрлањето на тужбата сега тие мерки повеќе не важат. Инаку, согласно хрватските закони казненото дело – закана, се активира по предлог само на жртвата, а не по службена должност. Токму тоа наведува дека сопругата го повлекла обвинението против Огњен Вукојевиќ.

Се вчитува...