Сорендо по 11 години ја напушта Барселона, следна дестинација – Романија

Барселона летово ќе остане без уште еден играч кој беше заштитен знак на каталонскиот гигант, откако беше донесена одлука за разделба од Седрик Сорендо. Францускиот пивот мина 11 сезони во дресот на Барса, но управата на клубот не му понуди нов договор, по што Сорендо се реши за неочекуван потег – преселба во Романија.

Динамо Букурешт е новиот клуб на Французинот, откако романскиот првак објави дека постигнал договор за двогодишна соработка со Сорендо.

Овој клуб претходно беше дел од послабите групи во ЛШ, по промената во системот не доби место во елитното европско натпреварување, но Романците не се откажуваат од составувањето на силен тим. Сорендо е нов Французин во дресот на Динамо Букурешт, откако Хуго Дескат (сега член на Монпелје) настапуваше за овој клуб од 2017 до 2019 година.

Се вчитува...