СОСТАВИ: Англија со проверени сили, Хрватска со една промена

Двајцата селектори Златко Далиќ и Герет Саутгејт без премногу изненадувања во составот влегуваат во вечерашната полуфинална пресметка меѓу Хрватска и Англија.

Хрватот Далиќ се реши за само една промена во однос на последниот дуел со Русија, па Брозовиќ се враќа во стартниот тим на местото на Крамариќ, за згуснат среден ред и нешто поголема слобода во играта за Лука Модриќ.

На спротивната страна, Саутгејт не прави никаков експеримент, па повторно Англија ќе настапи со тројца во линија и Хари Кејн во нападот, помогнат од Стерлинг и од Лингард.

ХРВАТСКА: Субашиќ, Вида, Ловрен, Врсаљко, Стриниќ, Брозовиќ, Ракитиќ, Модриќ, Перишиќ, Ребиќ, Манџукиќ.

АНГЛИЈА: Пикфорд, Стоунс, Вокер, Мегвајер, Јанг, Трипие, Хендерсон, Лингард, Деле Али, Стерлинг, Кејн.

Се вчитува...