СОСТАВИ: Дешамп го врати Матуиди, Белгија со една принудна измена

Дидие Дешамп не експериментира со составот на Франција на вечерашниот полуфинален меч, избирајќи ги за стартери 11-те фудбалери во кои имаше најголема доверба и во досегашниот дел од шампионатот. Жиру и покрај слабата форма останува предводник на нападот крај Мбапе и Гризман, а во однос на четвртфиналето со Уругвај се враќа Матуиди, кој поради суспензија за тој меч му го препушти своето место на Толисо.

На спротивната страна, Роберто Мартинез е принуден да направи една измена поради суспензијата на стардниот десен бек Муние. На негово место во првите единаесетмина е вклучен Дембеле, играчот за врска на Тотенхем, па интересно ќе биде да се види за какви тактички комбинации ќе се реши белгискиот селектор.

ФРАНЦИЈА: Љорис, Павар, Ернандез, Варан, Умтити, Канте, Погба, Матуиди, Гризман, Мбапе, Жиру.

БЕЛГИЈА: Куртоа, Компани, Фертонген, Алдервирелд, Дембеле, Фелаини, Витсел, Шадли, Де Бруин, Азар, Лукаку.

Се вчитува...