СОСТАВИ: Хрватска офанзива – со четири напаѓачи против Русија

Хрватска ќе настапи во ултра-офанзивен состав на вечерашниот четвртфинален дуел против Русија, откако селекторот Златко Далиќ се реши мечот да го стартува со четворица офанзивни играчи.

Во однос на претходниот меч со Данска овојпат Крамариќ ќе биде стартер на сметка на Брозовиќ, додека Модриќ и Ракитиќ ќе играат нешто поповлечено. Хрватска со овој идентичен состав славеше над Нигерија со 2-0 на отворањето од мундијалот, но овојпат предизвикот е поголем – четвртфинална пресметка со домаќинот.

Кај Русија нема преголеми изненадувања, па така Џагоев останува на клупата за резерви иако се рехабилитираше од повредата, а стартер повторно е Черишев.

РУСИЈА – ХРВАТСКА

РУСИЈА: Акинфеев, Фернандез, Кутепов, Игнашевич, Кудријашов, Зобнин, Кузиајев, Самедов, Черишев, Головин, Ѕјуба.

ХРВАТСКА: Субашиќ, Врсаљко, Стриниќ, Ловрен, Вида, Модриќ, Ракитиќ, Крамариќ, Ребиќ, Перишиќ, Манџукиќ.

Се вчитува...