Јирген Клоп е принуден на експеримент за вечерашниот реванш дуел против Барселона откако Ливерпул остана без помошта на Мохамед Салах, Роберто Фирмино и Наби Кеита. Ориги и Шаќири ќе стартуваат вечерва од првата минута на „Енфилд роуд“, а на десен бек се враќа Александер Арнолд откако Гомез беше прва опција на дуелот на „Камп ноу“.
На спротивната страна, Ернесто Валверде нема потреба од промена на тимот по одличните 3-0 во Барселона. Така, Барса и овој меч ќе го стартува со истите единаесетмина од „Камп ноу“, со Кутињо како поддршка за Суарез и Меси, како и со Видал во средниот ред откако Чилеанецот доби предност во однос на Артур.
ЛИВЕРПУЛ: Бекер, Александер Арнолд, Робертсон, Матип, Ван Дијк, Милнер, Хендерсон, Фабињо, Шакири, Ориги, Мане.
БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Роберто, Алба, Ленгле, Пике, Бускетс, Ракитиќ, Видал, Кутињо, Меси, Суарез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА