СОСТАВИ: Клоп со едно големо изненадување во Порто

Јирген Клоп е реши за едно големо изненадување во стартниот тим на Ливерпул за гостувањето против Порто, оставајќи го на клупата за резерви Роберто Фирмино. Бразилскиот ас беше меѓу најдобрите поединци на првиот меч на „Енфилд“, но овој меч ќе го стартува од клупата, препуштајќи му го своето место на Белгиецот Ориги. Робертсон се враќа во првиот тим на „црвените“ по одлежаната суспензија на првиот меч, а во првите единаесетмина има место и за Вајналдум, кој ќе го заземе местото на Кеита.

Фернандињо не го мина последниот тест, па Бразилецот нема да биде стартер за Манчестер Сити на дуелот со Тотенхем. Неговото место ќе му припадне на Гундоган, кој ќе биде задолжен за организација на нападите заедно со Де Бруин и со Давид Силва.

Лукаш Моура ќе биде најистурен во нападот на „спарси“ во ситуација кога Кејн е повреден, откако Покетино реши Љоренте да почне од клупата за резерви на денешното гостување во Манчестер.

ПОРТО – ЛИВЕРПУЛ

ПОРТО: Касилјас, Милитао, Пепе, Фелипе, Телес, Корона, Данило, Ерера, Брахими, Отавио, Марега.

ЛИВЕРПУЛ: Бекер, Александер – Арнолд, Робертсон, Матип, Ван Дајк, Вајналдум, Милнер, Фабињо, Салах, Мане, Ориги.

МАНЧЕСТЕР СИТИ – ТОТЕНХЕМ

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Вокер, Менди, Компани, Лапорт, Гундоган, Де Бруин, Давид Силва, Бернардо Силва, Стерлинг, Агуеро.

ТОТЕНХЕМ: Љорис, Трипие, Роуз, Алдерверелд, Фертонген, Ванајама, Сисоко, Ериксен, Деле Али, Сон, Моура.

Се вчитува...