СОСТАВИ ЛШ: Иниеста се враќа кај Барса, Бенфика без најдобриот напаѓач

Унаи Емери ќе му даде шанса на Јулијан Дракслер во стартниот тим на ПСЖ за вечерашниот меч со Барселона во рамките од Лигата на шампионите. Германскиот репрезентативец добива шанса пред Лукаш Моура, кој се наоѓа во добра форма во последните месеци, а главниот товар ќе падне врз младиот дефанзивец Кимпембе, кој ќе ја има пред себе тешката задача да го неутрализира Луис Суарез, помогнат од Нејмар и Меси. Кај Барселона најзначајно е враќањето на Андрес Иниеста, кој конечно ги надмина проблемите со повредата, а Луис Енрике изненади многумина со одлуката повторно да му даде предност на Гомеш пред Ракитиќ, и покрај добрите игри на Хрватот на неколкуте последни натпревари на кои добиваше шанса.

Бенфика ќе биде осетно ослабена за дуелот со Борусија Дортмунд откако најдобриот напаѓач на оваа екипа, Жонас, не го мина последниот фитнес-тест и отпадна од комбинација за настап против „милионерите“. Бројните проблеми во средниот ред го натераа гостинскиот тренер на експеримент во овој дел од тимот, каде организацијата на нападот ќе му припадне на Португалецот Гереиро. Обамејанг ќе биде главна опасност кон голот на Бенфика, а интернационалецот од Габон ќе има одлична помош од Марко Ројс и од Дембеле.

ПСЖ – БАРСЕЛОНА

ПСЖ: Трап, Муние, Маркињос, Кимпембе, Курзава, Рабио, Верати, Матуиди, Ди Марија, Дракслер, Кавани.

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Роберто, Алба, Пике, Умтити, Бускетс, Гомеш, Иниеста, Меси, Нејмар, Суарез.

БЕНФИКА – БОРУСИЈА ДОРТМУНД

БЕНФИКА: Едерсон, Луизао, Линделоф, Елисеу, Семедо, Фејса, Пици, Карилјо, Салвио, Рафа Силва, Митроглу.

БОРУСИЈА: Бурки, Бартра, Шмелцер, Папастатопулос, Дурм, Пишчек, Вајгл, Гереиро, Дембеле, Ројс, Обамејанг.

Се вчитува...