СОСТАВИ ЛШ: Милер на клупата на Баерн, Хамес пред Иско кај Реал

Карло Анчелоти го приреди најголемото изненадување при стартните состави за средбите од Лигата на шампионите, оставајќи го на клупата за резерви Томас Милер. Германскиот ас сезонава е предалеку од посакуваната форма, но сепак се очекуваше да се најде крај Левандовски во нападот на баварскиот гигант. Сепак, Анчелоти се реши Милер да почне од клупата, давајќи му шанса пред него на Тијаго Алкантара.

Арсен Венгер остана доследен на најавата, па Оспина ќе ја чува мрежата на Арсенал на „Алијанц арена“, давајќи му шанса на Колумбиецот пред Петр Чех. Стратегот на Арсенал ги остави на клупата и Жиру и Волкот, па Алексис Санчез ќе добие задача како најистурен во нападот на лондонскиот клуб, со Окслејд Чембрлен на крилната позиција.

Зинедин Зидан имаше само една дилема околу составот на Реал Мадрид, кој да го заземе местото на повредениот Герет Бејл, при што му даде предност на Хамес Родригез пред Иско. Наполи дефинитивно нема да се брани со „катанаџо“ на „Сантијаго Бернабеу“, откако тренерот Сари се реши за офанзивна формација со Калјехон, Инсиње и Мертенс, помогнати од капитенот Марек Хамшик.

РЕАЛ МАДРИД – НАПОЛИ

Реал: Навас, Карвахал, Рамос, Варан, Марсело, Камшемиро, Модриќ, Крос, Хамес, Роналдо, Бензема.

Наполи: Реина, Хисај, Албиол, Кулибали, Гулам, Диавара, Зјелински, Хамшик, Инсиње, Калјехон, Мертенс.

БАЕРН М. – АРСЕНАЛ

Баерн: Нојер, Лам, Хумелс, Мартинез, Алаба, Чаби Алонсо, Видал, Робен, Тијаго, Даглас Коста, Левандовски.

Арсенал: Оспина, Белерин, Мустафи, Кошиелни, Гибс, Џака, Кокелан, Ивоби, Озил, Окслејд Чембрлен, Санчез.

Се вчитува...