СОСТАВИ: Покетино со една „рокада“

Јан Фертонген ќе го стартува вечерашниот натпревар против својот поранешен клуб како лев бек на Тотенхем, одлучи Маурицио Покетино откако Белгиецот ги мина последните тестови и доби зелено светло за настап на полуфиналниот дуел во Лондон. Овој одличен дефанзивец поголем дел од натпреварите игра во срцето на одбраната на „спарси“, но во ситуација на ограничен ростер, Покетино се реши на една рокада, селејќи го Дени Роуз во средниот ред, а давајќи му ја на Фертонген улогата на лев бек.

Очекувано, Љоренте добива шанса од првата минута во ситуација кога во тимот на Тотенхем ги нема ниту Кејн ниту Сон, а дополнителен проблем за „спарси“ е повредата на Дајер поради која англискиот репрезентативец овој дуел го почнува од клупата за резерви.

Во таборот на Ајакс очекувано нема изненадувања, па Тен Хаг повторно се реши за офанзивна формација, со Зијеш, Нерес и Тадиќ во навалната линија, постава што му даде резултат на гостувањата против Реал Мадрид и Јувентус.

ТОТЕНХЕМ – АЈАКС

ТОТЕНХЕМ: Љорис, Трипие, Фертонген, Алдерверелд, Санчез, Роуз, Ванајама, Ериксен, Деле Али, Лукас Моура, Љоренте

АЈАКС: Онана, Фелтман, Де Лихт, Блинд, Талјафико, Ван де Бек, Шене, Де Јонг, Тадиќ, Нерес, Зијеш.

Се вчитува...