СОСТАВИ: Уругвај без Кавани, Франција со една измена во составот

Единсон Кавани дефинитивно нема да биде стартер за Уругвај на денешниот четвртфинален натпревар против Уругвај, беше потврдено со официјалните состави за овој дуел. Селекторот Табарез се „крстеше“ во тандемот Кавани – Суарез на овој мундијал, но сега ќе мора да се снаоѓа без помошта на асот на ПСЖ на клучниот дуел за пласман во полуфиналето. Кавани се наоѓа на клупата за резерви, мали се шансите дека ќе може да одигра барем дваесетина минути на денешниот натпревар, а шанса во негово отсуство ќе добие Стуани, кој настапува за шпанскиот прволигаш Гранада.

Францускиот селектор Дидие Дешамп направи само една измена во однос на мечот со Аргентина, и тоа принудна, па поради суспензијата на Матуиди место во средниот ред ќе добие Толисо. „Триколорите“ повторно тргнуваат моќно во нападот, со Мбапе, Жиру и Гризман во стартниот тим, во обид да најдат лек за најдобрата одбрана на мундијалот.

ФРАНЦИЈА: Љорис, Павар, Варан, Умтити, Хернандез, Канте, Толисо, Погба, Мбапе, Гризман, Жиру.

УРУГВАЈ: Муслера, Касерес, Хименез, Годин, Лаксал, Нандез, Бентанкур, Весино, Тореира, Суарез, Стуани.

 

Се вчитува...