СОСТАВИ за супер-дербито: Гвардиола и Клоп со по едно изненадување

Пеп Гвардиола и Јирген Клоп се решија за по едно мало изненадување,  во обид да го изненадат големиот ривал во меѓусебната пресметка на попладневното супер-дерби на Премиер-лигата меѓу Манчестер Сити и Ливерпул.

Гвардиола повеќе од една година сите клучни средби ги игра без класичен напаѓач, со „лажна деветка“, затоа изненадување е што овојпат во стартните единаесетмина се најде Габриел Жезус, кој доби предност пред Ријад Марез. Главен проблем за Гвардиола е неиграњето на Рубен Дијаз, во чие отсуство Стоунс и Лапорт ќе имаат тешка задача да го запрат напаѓачкото трио на Ливерпул.

Мане и Салах се незаменливи кај Клоп, но изненадување е што германскиот стратег се реши на клупата да го остави Дијаз, по извонредното издание на Колумбиецот против Бенфика во ЛШ. Наместо Дијаз, друштво на двајцата африкански голгетери ќе им прави Диого Жота.

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Вокер, Кансело, Стоунс, Лапорт, Родри, Де Бруине, Бернардо Силва, Стерлинг, Фоден, Жезус.

ЛИВЕРПУЛ: Бекер, Александер Арнолс, Робертсон, Матип, Ван Дајк, Фабињо, Хендерсон, Тијаго, Жота, Мане, Салах.

Се вчитува...