СП 2022 КВАЛИФИКАЦИИ: Франција само до бод против Украина, победи на Белгија и Португалија (ВИДЕО)

Актуелниот светски шампион Франција со реми 1-1 со Украина ја стартуваше одбраната на титулата освоена 2018 во Русија. Антоан Гризман со прекрасен гол 19. минута донесе водство за домаќините, но Кимпембе со несреќен автогол во 57. минута им даде бод на гостите.

До победи во првото коло стигнаа актуелниот европски шампион Португалија над Азербејџан со 1-0 и Белгија која беше убедлива против Велс со 4-1.

РЕЗУЛТАТИ КВАЛИФИКАЦИИ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО:

Белгија – Велс 3-1

Кипар – Словачка 0-0

Естонија – Чешка   2-6

Франција – Украина 1-1

Гибралтар – Норвешка  0-3

Малта – Русија  1-3

Португалија – Азербејџан  1-0

 

 

Се вчитува...