Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“.
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!?
Норвешка има само еден пораз на последните 18 одиграни средби (13 победи, 4 реми).
Франција последен пат имала три победи на трите меча во групната фаза од СП уште во 1998 година.
Французите постигнаа најмалку два гола на 14 од своите последни 15 одиграни натпревари.
Четири од последните пет натпревари на Сенегал завршија 4+.
Во поразите од Франција и од Норвешка, Сенегалците за првпат во последните 26 години примија по три гола на два меча во низа.
Уругвај е без победа на последните шест средби (пет реми, еден пораз).. Уругвајците имаат само еден триумф на последните девет меча на светските првенства.
Шпанија никогаш досега не загубила од Уругвај (пет победи, пет порази). Двете мундијалски пресметки меѓу овие селекции завршиле нерешено, во 1950 и во 1990 година.
Саудиска Арабија имаше само 10 удари севкупно кон противничкиот гол на првите две средби од овој мундијал. Противниците упатија 49 удари кон голот на Саудиска Арабија на овие два натпревари.
Зеленортските острови можат да станат четврта селекција во историјата што ремизирала на сите три меча од групната фаза од СП (по Велс 1958, Камерун 1982 и Република Ирска 1990).
Нов Зеланд ремизираше на последните две средби со ривали од Европа на светските првенства.
Последните 11 натпревари на Нов Зеланд завршија 3+.
Белгија има само една победа на последните пет мундијалски средби откако стигна до полуфиналето на СП 2018 во Русија.
Иран никогаш не загубил од африканска селекција на светските првенства (една победа, две реми).
Само во „ЗОНА АЗУРИ“ – пакет 4 скопски пива и една пица Капричиоза – по цена од само 850 денари
Само во „ЗОНА АЗУРИ“, секоја маса го типува резултатот на мечот. Масата што ќе погоди, има 30% попуст на вкупната сметка.
Останете во „ЗОНА АЗУРИ“ до самиот крај на мечот – да дознаете дали сте победник во нашата наградна игра!
Ресторанот „ЗОНА АЗУРИ“ се наоѓа во населба Аеродром, веднаш зад „Мајчин Дом“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
