Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“.
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!?
Австралија никогаш досега не загубила од африканска селекција на СП (една победа, едно реми).
„Кенгурите“ за третпат се пласираа во нокаут фазата од еден мундијал. Претходно, во 2006 и во 2022 година беа елиминирани на самиот стартот од нокаут натпреварувањето, останува да видиме дали денеска ќе биде „трета среќа“ за Австралијците.
Последните пет натпревари на Египет на светските првенства завршија со голови на двете селекции.
Зеленортските острови се првата селекција по Словачка во 2010 година што се пласира во нокаут фазата на своето мундијалско деби.
Зеленортските острови се првата селекција што се пласира во нокаут фазата без ниту една победа (три реми на три меча) по Чиле во 1998.
Дури седум од последните средби на Аргентина во нокаут фазата од СП биле решени со продолженија или пенали.
Аргентина има седум победи на последните седум дуели со ривали од Африка.
Колумбија е без примен гол на четири од последните шест натпревари на светските првенства.
Колумбијците имаат четири победи на четирите средби против селекции од Африка на фудбалските мундијали.
Гана има три порази на трите средби на СП на кои се сретнала со ривали од Јужна Америка.
Само во „ЗОНА АЗУРИ“ – пакет 4 скопски пива и една пица Капричиоза – по цена од само 850 денари
Само во „ЗОНА АЗУРИ“, секоја маса го типува резултатот на мечот. Масата што ќе погоди, има 30% попуст на вкупната сметка.
Останете во „ЗОНА АЗУРИ“ до самиот крај на мечот – да дознаете дали сте победник во нашата наградна игра!
Ресторанот „ЗОНА АЗУРИ“ се наоѓа во населба Аеродром, веднаш зад „Мајчин Дом“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
